Рускиот интернет портал „Брз Центар“ пишува дека најдобриот македонски ракометар од наредната сезона би можел да седне на клупата на францускиот прволигаш Нант.

Кој ќе биде нов тренер сè уште не се знае. Има многу шпекулации. Лазаров ќе стави крај на играчката кариера. Тој веќе е селектор на Македонија. Кирил долги години помина во Нант и е сличен со Алберто Ентрериос. На крајот на краиштата, тој тука ќе ја заврши кариерата, а потоа веднаш може да почна да работи како тренер. Оваа опција со Лазаров исто така е можна. Знам дека ростерот за следната сезона е веќе комплетиран. Но, сè уште немаме информации за тренерот, пишува „Брз Центар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.