Ни случајно да не го пренесувате Вардар. Може не дај Боже да се зајакне националното чувство!, напиша на фејсбук Рубенс Муратовски, актер и жесток навивач на Вардар.

Ракометарите на Вардар вечерва се пласираа во второто финале на ЛШ и утре ќе се сретнат со унгарски Веспрем за титулата. Ниту една македонска телевизија оваа сезона, вклучувајќи го и фајанл-фор турнирот кој се одржува во Келн, Германија, не вршеше директни преноси од настапот на македонскиот тим во најквалитетната европска ракометна Лига.

Само оние кои имаа Арена 2 на своите кабелски оператори се радуваа на играта и успехот на Вардар, а останатите се мачеа со линкови на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.