Борко Ристовски до крајот на сезоната ќе биде задолжен за голот на европскиот, македонски и регионален првак, Вардар.

Со Вардар имав разговори уште кога беше тренер Парондо, тогаш не се догоривме. Сакав да градам кариера во странство.

Мојата цел е да му помогнам на Вардар, да постои. Не дојдов поради пари. Договорот е до крајот на сезоната. Сакам да се покажеме во што подобро светло во домашниот шампионат, во СЕХА-лига и во Лигата на шампионите“, рече Борко на денешната средба со новинарите.

Искусниот чувар на мрежи вели дека имал понуда од Рајн Некар, но тој се одлучил за Вардар. Верува дека ситуацијата ќе биде многу подобра, поточно ќе се стабилизира.

Имав и други понуди, една од нив беше Рајн Некар. И моето семејство се прашуваше за оваа одлука.

Ситуацијата во Вардар е комплицирана, но има квалитет. Фалат неколку играчи, убаво ќе биде да дојдат македонски репрезентативци, тоа ќе биде добро за националниот тим. Верувам дека ќе дојдат и други познати играчи, имам контакти со многу.

Во Вардар лошите работи се минимализирани, влегоа мали средства, се надевам на подобро“.

sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.