Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, по мечот со Јапонија (38-29) изјави дека противникот покажал брза игра и им предизвикал многу проблеми во одбраната, а победата била остварена потешко од тоа како изгледало на теренот.

Јапонците ни правеа многу проблеми во одбраната, а повеќе од половина од головите ни ги дадоа од брз центар. Ги казнуваа грешките кои ни се повторија и од средбите со Србија. Победата е далеку потешка од тоа што изгледаше на теренот. Ова е прв натпревар, а како ќе одминува СП ќе бидеме подобри и подобри, изјави Борко по дуелот на кој забележа 20 одбрани.

Во однос на мечот со Бахреин, Ристовски изјави дека треба да бидеме внимателни, иако целата јавност очекува лесна победа.

Не треба да не фаќа еуфорија и да се залажуваме од резултатите, одиме чекор по чекор. Да не дозволиме оваа висока победа да не понесе, додаде голманот на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.