Ристовски и Мишевски се вратија во Вардар

Ракомет 02.03.2020 / 13:31

Ракометниот клуб Вардар денеска официјализираше две македонски засилувања во имињата на голманот Борко Ристовски и младиот Марко Мишевски. Двајцата се повратници во составот на „црвено-црните“.

Репрезентативниот голман во два наврати беше дел од Вардар и тоа од 2001 до 2003 година, а потоа од 2010 до 2012 година. Ристовски зад себе има неверојатно богата интернационална кариера, а ги браните головите на гигантите Рајн-Некар Левен и Барселона. Во таборот на европскиот шампион доаѓа од тимот на Бенфика.

Што се однесува до Мишевски, тој е продукт на младинската школа на Вардар и до лани го носеше дресот на најтрофејниот македонски тим, но замина во Франција, поточно во тимот на Гренобл за да добие искуство и поголема минутажа. Откако овој клуб го зафатија финансиски проблеми реши да се врати назад во својот матичен клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.