Македонската ракометна репрезентација не успеа да го помине првиот посериозен предизвик, откако загуби со 22-31 против Хрватска.

Борко Ристовски имаше неколку одлични интервенции во мечот, односно во второто полувреме, но нашите ракометари не ги искористија.

Промашивме многу зицери, а Хрватите се искусни и го казнија тоа. Нема што да се објаснува многу, тие се поквалитетни и мора да го прифатиме тоа. Главата горе и треба да се подготвиме за следните натпревари. Мора да добиеме барем еден од нив за да обезбедиме пласман понатаму. Сите натпревари се важни. Пред стартот на првенството го кажавме тоа и мора да ја бараме нашата шанса“, кажа Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.