Македонската ракометна селекција уште од вчера е во Минхен, каде ќе ги игра сите пет натпревари од првата групна фаза на Светското првенство во Германија и Данска.

Македонија, како никогаш досега подмладена ќе атакува на нови победи, а еден од поискусните, Борко Ристоски, смета дека до успех може да се стигне само со многу работа и голема поддршка од нив постарите, кон помладите, кои ќе дебитираат на големите настани.

Нашите амбиции и очекување се познати. Треба да работиме многу повеќе за разлика од претходните Светски и Европски првенства, доколку сакаме да стигнеме до втор круг. Оваа селекција ја красат многу млади играчи, на кои мора да им се даде потребната поддршка, а таа треба да дојде од нас поискусните. Не треба да чувствуваат никаков притисок, треба да одат само чекор по чекор и со наша помош да стигнеме до посакуваниот успех, изјави Борко.

Нашите момци денес го одржаа првиот официјален тренинг во Минхен, а првиот натпревар го играат утре против селекцијата на Јапонија.

Извор: gol.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.