Македонските репрезентативци ќе поделат меѓу себе 30.000 евра доколку се пласираат во втората рунда од европскиот шампионат во Виена. Притоа, претседателот Мукаетов ги мотивира ракометарите со дополнителни 10.000 евра, доколку се стигне до првото место во групата Б, а предвидени се и дополнителни 30.000 евра ако репрезентацијата обезбеди учество на олимписките квалификации.

Од РФМ информираат, на состанокот одржан меѓу претседателот и Генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија, репрезентативците и стручниот штаб, беа договорени следните премии:

  • за влез во втор круг наградата изнесува вкупно 30.000 евра
  • за освоено прво место во групата изнесува вкупно 40.000 евра
  • за пласман во олимписки квалификации премиите изнесуваат дополнителни 30.000 евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.