Пред дуелите со Финска в среда и со Швајцарија в сабота, ракометната репрезентација на Македонија се соочува со шестмина позитивни на Ковид-19, дијагностицирани во редовниот скрининг пред подготовките.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги објави имињата на сите шест, тројца играчи и тројца тренери. Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски се играчите кои нема да можат да играат, додека Александар Царчев, Никола Матлиески и Раде Стојановиќ нема да можат да му помогнат на Данило Брестовац во стручниот штаб.

Ве известуваме дека контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немаале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања – соопштија од РФМ.

Селекторот Данило Брастовац веќе го повика Гоце Георгиевски како алтернатива за Поповски

Селктрото Брестовац и натаму е без асистент, откако Матлиевски доби позитивен резултат, а потоа инфициран се покажа и човекот то требаше да го замени, Раде Стојановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.