Репрезентацијата на Македонија денес го игра натпреварот од четвртото коло на Светското првенство каде што противник ќе ни биде селекцијата на Шпанија.

Македонија во следните два натпревари ќе игра против Шпанија и Исланд каде што ќе мораме да победиме барем на еден ако сакаме пласман во следната фаза.

„Фуријата“ на стартот на првенството убедливо го победи Исланд, но потоа се мачеше против брзите Јапонци.

Селекторот Гонзалез го избра составот за овој натпревар, а на трибините ќе останат голманот Златко Даскаловски и пивотменот Милан Лазаревски.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ ШПАНИЈА:

Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.