Ракометните и кошаркарските второлигаши нема да го одржат протестот кој беше најавен за в недела напладне. Причината е што добиле ветување дека во следните неколку дена ќе биде најдено решение за прболемот со ваучерите поради кои овие клубови ги бојкотираат првенствата во кои настапуваат. Клубовите од овие две конкуренции не добија ваучер па по нивните реакции беше доесена одлука да се зголеми предвидената сума за ваучерите и да добијат и оние кои беше изоставени во првата распределба.

Добивме уверување од сите субјекти инволвирани во распределба на ваучерите дека во наредните 5-6 дена ќе биде решен статусот со ваучерите. За да бидат максимално кооперативни ракометните и кошаркарските клубови од втор ранг донесоа заедничка одлука мирниот протест да не се одржи во недела и да им се остави простор и време на инволвираните страни да ја завршат работата околу распределба на ваучерите. Доколку во предвидениот рок не се заврши целокупната постапка мирниот протест ќе го презакажеме за следниот викенд“ – стои во инфромацијата од ракометниот клуб аердором кој беше еден од иницјаторите на протестот.

извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.