Долгогодишниот ракометен репрезентативец Ацо Јоновски се вклучи во кампањата за помош на училиштето „Јосип Броз Тито“ во Струга. Тој настапува како тренер-играч во германскиот нисколигаш Ратинген, но кога се укажа можност реши активно да се вклучи и да помогне за подобрување на условите во училиштето во неговиот роден град.

„Со големо задоволство ви најавувам дека првиот камион со школски инвентар (хуманитарна донација) е веќе на пат кон Струга. Морам да изразам благодарност до “Interaktiv Schule Sport Soziales”, за ангажираноста и довербата. Се надевам дека ова нема да биде последна акција од ваков вид и искрено се надевам дека нема да добие политички епилог бидејќи се работи исклучиво за хуманитарен проект“ – објави Јоновски.

Кампањата за собирање на финансиски средства за училиштетот почна пред неколку седмици, а во неа се собра мебел, играчки и други донации за училишта во нашата земја. На почетокот на следната седмица донациите треба да стигнат во Македонија.

Сите кои сакаат да донираат за помош на училиштата можат да се обратат директно на компанијата, која ќе ги складира до следната достава во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.