Вардар го запиша првиот пораз во плејофот на Суперлигата, откако подобар од нив беше Пелистер со 30-26, а тоа беше очекувано зашто ги штедеше силите за Ф4 во Келн во Лигата на шампиони.

На стартот на мечот се водеше голема битка меѓу двата тима, па резултатот беше израмнет. Но, потоа Пелистер успеа да поведе со 9-6, па ја задржа предноста до полувреме (16-14).

Екипата од Битола го реши мечот на почетокот на второто полувреме, кога направија поголема предност и на крајот славеа со 30-26.

Пелистер ќе се бори за четвртата позиција на табелата, која може да им обезбеди пласман во европските купови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.