Машката ракометна репрезентација на Македонија веќе е во Алборг каде денеска од 16 часот ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Европското Првенство против Данска.

По триумфот над актуелниот светски и олимписки шампион во четвртокот во Скопје, нашите ракометари сосема растоварени ке влезат во денешниот дуел со домакинот.

Без оглед на исходот, нашата селекција е речиси пласирана на европскиот шампионат иако до крајот на квалификациите ке останат и дуелите со Финска и Швајцарија .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.