Македонската машка ракометна репрезетација денеска ги продолжува натпреварите на Светското првенство во Египет, овојпат во Главната рунда на Мундијалот во Египет.

Прв противник на црвено жолтите во втората мундијалска фаза е репрезентацијата на Словенија. натпреварот почнува во 15.30 часот.

Македонија во новата група, во која ќе игра против Словенија, Русија и Белорусија, не пренесе ниту еден бод и стартува од последната позиција.

На последната прес конференција пред натпреварот против Словенија, селекторот Данило Брестовац најави неколку промени во составот на селекцијата, особено што по напорните три меча во Групата Г на повреди се пожалија ракометрите Танкоски, Димитриоски, Крстевски и Цветан Кузманоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.