Во ракометниот клуб Металург се појави нов позитивен случај на коронавирус кај ракометар, па така целата екипа ќе мора да оди во изолација.

Ова решение доаѓа поради незаштитен контакт на ракометарот, кој покажувал симптоми, при заеднички оброци и тренинзи со останатите.

Поради позитивниот случај и изолацијата, натпреварот помеѓу Металург и Богданци, кој требаше да се одигра вечер е веќе одложен, а тимот ќе побара одложување и на дуелот против Висла во Лигата на Европа, кој е закажан за претстојниот викенд во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.