Машката ракометна репрезентација на Аргентина ја победи Боливија со неверојатни 82-7 на првенството на Јужна и Средна Америка во Бразил.

На првенството учестуваат шест селекции – Бразил, Аргентина, Чиле, Парагвај, Уругвај и Боливија и играат без ден одмор секој со секого во пет дена по што ќе се добие првиот шампионат во оваа конкуренција.

На првиот ден победија фаворитите Аргентина и Бразил, додека мало изненадување е поразот на Чиле. Триумфот на Аргентина не е изненадување, но чудно звучи податокот дека против Боливија постигнаа дури 82 погодоци, а ривалот даде само седум!

Веројатно ова е рекорд кога се работи за број на постигнати погодоци на еден ракометен натпревар, не само на јужноамериканско тло, туку и на светско ниво. Најдобар стрелец беше Начо Пизаро со 20 голови.

Најдобрите четири селекции од овој шампионат ќе обезбедат место на Светското првенство во Египет следната година.

Резултати, 1 коло:

Аргентина – Боливија 82-7
Чиле – Уругвај 25-28
Бразил – Парагвај 46-19

Чиле – Уругвај 25-28
Бразил – Парагвај 46-19

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.