РК Вардар синоќа обезбеди пласман на третиот Фајнл фор по ред откако беше поуспешен во двомечот со ПИК Сегед. По првиот меч во Скопје во кој македонскиот тим победи со 8 гола разлика, вчера „црвено-црните“ загубија со 29-25 што беше доволно за пласман меѓу најдобрите 4 тима во Европа.

Натпреварот во Сегед заврши тензично, а во конфронтации влегоа повеќе ракометари од двете екипи. Едни од најагресивните беа поранешните вардарци, Македа и Канељас, а во вербален дуел влегоа и тренерите на двата тима, Роберто Парондо и Хуан Карлос Пастор. Нивната расправија продолжи и на крајот на прес-конференцијата која беше одржана по мечот, на која Пастор нервозно гестикулираше кон тренерот на Вардар и лут си замина од просторијата, а краток не му остана ниту Сташ Скубе кој му порача да си оди и уште еднаш да покаже каков човек е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.