Борис Тот, брат на ракометарот Денис Тот кој почина во Македонија, се огласи со емотивна порака.

Прерано нè напушти, драг мој. Почивај во мир. Ништо повеќе нема да биде исто без тебе, напиша тој.

Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина на КАРИЛ, објавија неколку македонски медиуми. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27 годишниот ракометар од Хрватска.

Од Министерството за внатрешни работи истакнаа дека пријавата од Клиничкиот центар ја добиле вчера утрото во 4:11 часот, а лицето било донесено во бесознание и без видливи повреди од насилство.

Неофицијално, причина за смртта е срцеви проблеми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.