На Светското првенство во Германија и во Данска воведена е новина во наградата за најдобар играч на натпревар и се бира само еден ракометар од двете екипи. За разлика од порано, кога спонзорите му доделуваа часовник или некоја награда од партнерите на ИХФ, сега наградата оди за децата каде што е најпотребно.

Првиот играч од Македонија кој доби шанса да одбере тим кој ќе го израдува со нова спортска опрема е Стојанче Стоилов. Тој беше изненаден после дознавањето дека ќе има можност да одбере екипа, па рече дека прво ќе размисли, а потоа ќе каже кој е тимот што ќе добие опрема од страна на ИХФ и Хумел.

Како и на сите големи натпреварувања така и на ова првенство најдобрите играчи на натпреварите ги бира посебно жири. Во соработка со партнерот за спортска опрема, ИХФ одлучи ракометарот кој ќе биде избран за играч на натпревар да одлучи на која екипа во младинска конкуренција ќе и ја проследи донацијата. Онаа екипа која ќе биде избрана од ракометарот ќе добие комплетна опрема за целиот тим од трана на компанијата од Данска.

Главната цел е донирање на опрема за оние играчи и екипи кои се во тешка ситуација и немаат можност да набават нова опрема. ИХФ истакнува дека на тој начин директно ќе биде донирана опрема за 1152 дев.

Сметаме дека ова е одлична идеја и прекрасна иницијатива. Веруваме дека ракометот е најубавата игра на светот и убаво е да можеме да им овозможиме на оние дека ои немале премногу среќа со играње во потполно нова опрема. Се надевам дека играчите и сите кои ќе бидат дел од ова ќе ја дочекаат нашата иницијатива со раширени раце, истакна претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.