Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ кој сега работи како државен секретар во Министерството за млади и спорт во Србија е обвинет за сексуално вознемирување. Тој наводно ги навредил жените и со хартија удрил колешка по задникот.
Станиќ присустувал на настан во Нови Сад во организација на невладината „Атина“. Станиќ од невладината организација е обвинет дека во текот на настанот ги навредил жените со тоа што рекол дека не се добри возачи, а потоа наводно со листови хартија ја удрил својата колешка по задникот.
„Прво размислував што да кажам бидејќи не сакам да правам шпанска серија од нешто што некој го протолкувал на свој начин. Но, како спортист со морална и етичка смисла и домашно воспитување, ќе ви кажам неколку реченици“, изјави Станиќ за српски „Курир“.
„Најпрво, најмал проблем ќе биде во истата секунда да си заминам од оваа столица ако јавноста осуди дека некој сум навредил. За тие работи околу задникот и тоа… Па ве молам, тие мојата пријателка ја штитат од мене?! Особата која работи со мене ја бранат од нејзиниот пријател? Размислувам само кој пршлен и го допрев со хартијата… Дајте да ја видиме таа снимка, можеби во мојот мозок се случил некој прекин, да видам што страшно се случило. Жал ми е што таа девојка се вовлекува во оваа приказна“.
„Исклучително ја почитувам еднаквоста на сите луѓе, било тоа да се работи за мажи кон мажи или жени кон жени, дали се работи за боја на кожа или мислење. Самото наше постоење значи и апсолутна слобода во изборот“.
Министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовиќ вети дека случајот ќе биде испитан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.