Сите поголеми спортски федерации денеска ги ставија „во мирување“ своите лиги, а на таков чекор се одлучи и ракометната федерација на Франција.

Тоа значи дена во наредниот период без обврски ќе биде и најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, кој ги брани боите на Нант.

По одржаниот состанок, челниците на ракометната федерација едногласно одлучија да ги прекинат сите ракометни натпреварувања на француската територија сè до 5. април. Оваа одлука се однесува на сите национални, регионални и училишни натпревари се со цел да се одговори на здравствената криза која во моментот ја погодува Франција, по ширењето на коронавирусот, стои во соопштението на ракометната репрезентација на Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.