Точно пред 22 години најдобриот македонски ракометар и капитен Кирил Лазаров го постигна првиот гол за Македонија и тоа токму на Светското првенство во Египет.

Од вечерва најдобрата македонска ракометна репрезентација повторно е во Египет каде што утре го почнува својот настап на Мундијалот и тоа со Шведска (20,30 часот, МТВ пренос).

МТВ 3 вечерва го прикажа историскиот меч со Саудиска Арабија и првата победа на нашата ракометна селекција на Мундијалите, меч на кој својот прв гол за репрезентацијата го постигна актуелниот капитен Лазаров, кој по 22 години се враќа на местото од каде му почна репрезентативната кариера, тогаш како 19-годишно момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.