Клубови од кошарката и од ракометот соопштија дека ќе продолжат да протестираат и дека нема да играат во понатамошниот дел од сезоната поради процедурата за добивање на ваучери кои ги вети државата.

Прволигашите во ракометот и второлигашите во кошарката најавија дека нема да играат, се додека овој проблем не се реши. Бараат да се конкретизира овој закон, да се реши што поскоро, затоа што истите се наоѓаат на работ на егзистенција. Воедно, најавен е и нивен протест, пред Владата на Македонија.

Ракометните и кошаркарските клубови од понискиот ранг на натпреварување го продолжуваат својот бојкот во сениорските и млади категории поради недобиените ваучери од страна на АМС. На 3 ноември недела) во 12 часот своите натпревари ќе ги продолжат пред Владата во форма на мирен протест под мотото ‘Политиката надвор од спортот’. На протестот ќе земат учество членовите и играчите на сите ракометни и кошаркарски клубови кои не добија ваучер од целата држава.

Воедно, ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисокиот ранг и преставници на ракометната и кошаркарска федерација да ја дадат својата подршка со активно учество на самиот протест“, се вели во соопштението.

Информацијата за бојкотот во ракометната и кошаркарската лига претходно на прес-конференција ја соопштија Дарко Петровски од РК Аеродром, во името на ракометните прволигаши, како и Благоја Кечовски, во името на второлигашите при мак-баскетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.