Вистински шок денеска предизвика информацијата дека еден од најважните играчи на „црвено-црните“ Даинис Криштопанс заминува од Скопје во дресот на германскиот Фуксе Берлин што значи дека нема да настапи на важниот дуел со Мотор Запорожје во Лигата на шампионите кој го решава пласманот во осмина-финалето.  Летонецот во Берлин ќе игра до крајот на сезоната по што се сели во ПСЖ.

Вардар остана и без Павел Атман кој денеска замина од клубот и тоа во Спартак Москва со што Вардар ќе биде драстично ослабен до крајот на сезоната.

Овие заминувања ќе продолжат најверојатно и во иднина бидејќи свое заминување најавија уште и Шишкарев потоа голманот Калифа Гебдан , Скубе, Дисингер и Толедо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.