Металург денеска се засили на позиција на среден бек откако потпиша со босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија (31 г., 193 см, 92 кг), кој со клубот од Автокоманда потпиша едногодишен договор.

Се работи за ракометар кој во својата кариера настапувал за ППД Загреб, Марибор, Азоти Пулави, Висла Плоцк, Сесвете и за Чурго од каде и доаѓа во Металург.

Иако е роден во Загреб, Тарабокија е стандарден репрезентативец на БиХ.

Тарабокија е петтиот ракометар со кој се засили Металург за претстојната сезона, по Златко Хорват, Бранко Канкараш, Момир Рниќ и Никола Потиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.