Вардаровото лудило во Унгарија го красеа и македонски навивачи кои никогаш не го оставаат тимот  сам. Во соблекувалната па играчите ги изненади Страхиња Милиќ, кој и покрај тоа што го избркаа од тим, дојде и ги бодреше. Сменија тренер, си заминаа играчи, останаа без пари и газда, ама срцето на Вардар никој не може да им го земе.

Страхиња Милиќ, некогашниот вардаров голман, повторно навива за македонскиот тим во Лигата на шампионите, овој пат во Сегед, каде „црвено-црните“ бркаат пласман на Ф4-турнирот во Келн.

Џамбо беше планиран за прв голман сезонава на Вардар, неочекувано, уште на стартот на сезоната беше набркан од клубот поради прекумерна тежина.

Србинот цела сезона е без клуб, но повеќе од јасно е дека неговото срце се уште е „црвено-црно“. Популарниот „Џамбо“ од првите редови во Унгарија навиваше за своите ексголеги, а по мечот им влезе во соблекувална и заедно прославија.

Двете страни се договорија за прекин на соработката во јули, 2018 година, по цели седум сезони. Милиќ беше еден од членовите што најдолго се задржа во „црвено-црните“ редови, а дојде уште во времето кога тренер беше Веселин Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.