Тренерот на Вардар Роберто Парондо во изјава за 24 Ракомет ТВ вели дека помина многу време од средбите од групната фаза и дека Вардар сега игра подобро.

Од тие два дуели против Барселона поминаа неколку месеци, а јас мислам дека ние сега играме многу подобро. Сепак, мораме да одиграме добро од почеток до крајот. Првите минути ќе бидат многу важни за нас. Барселона е тим кој доколку успее да поведе брзо игра уште подобро. Затоа, ако успееме во првите неколку минути да одиграме добро и да имаме предност потоа може да биде многу подобро за нас и така ќе имаме шанси во полуфиналето, вели Парондо за 24 Ракомет ТВ.

Изјавата на Парондо ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.