Во следната сезона друштво на Борко Ристовски и Марко Кизиќ на голот на Вардар, ќе им прави францускиот чувар на мрежата Робин Кантегрел, кој доаѓа од тимот на Сесон Рен. Станува збор за 25-годишен голман, кој потекнува од тимот на Нант и таму настапуваше до 2017 година, но немаше забележителна улога. Четири сезони со Нант беше дел од ЕХФ Купот, а една и во Лигата на шампионите.

Потоа направи трансфер во Понто Комбо и го покажа сиот свој потенцијал. Во сезоната 2018/2019 беше на третото место на листата најдобри голмани во француската лига и забележа 111 одбрани со 32% на успешност, а зад себе остави имиња како Тјери Омејер, Мате Шуњиќ, Михаи Попеску, Весли Пардин, Сирил Димулан…Оваа сезона Кантегрел во дресот на Сесон Рен имаше 142 одбрани на 18 натпревари, односно 7,89 во просек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.