Македонскиот ракометен шампион Вардар денес соопшти дека потпишале со нов играч. Станува збор за засилување на пикерската позиција.

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде францускиот интернационалец Жереми Тото. Тој игра на позицијата пивотмен, а доаѓа од екипата на Висла Плоцк од Полска, со чиј тим играше на Ф4 во Лига Европа“, објавија од клубот.

Голманот од Кувајт, Али Сафар вчера беше промовиран, а од претходно во таборот на црвено-црните беа потврдени и македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, шпанската ѕвезда Едуардо Гурбиндо, Хрватот Анте Кудуз, како и младиот Дарко Ѓукиќ.

Нов тренер на тимот ќе биде легендата на југословенскиот ракомет, Веселин Вујовиќ, кој по трепат ќе седне на клупата на црвено-црните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.