Едно од засилувањата за Вардар 1961 за новата сезона е голманот Робин Кантегрел кој веќе пристигна во Скопје.

Французинот излезе на „кафе-муабет“ заедно со неговиот менаџер Филип Босер и легендата на македонскиот ракомет и поранешен член на Вардар, Иван Марковски.

Францускиот интернационалец доаѓа од редовите на екипата на Кретеи и заедно со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе ја чуваат мрежата на единствениот македонски претставник во новата сезона во Лигата на шампиони.

Откако ќе го мине потребниот здравствен протокол Кантегрел ќе му биде веднаш ставен на располагање на тренерот Стефче Алушовки кој на крајот од неделава со своите избраници ќе ги започне подготовките за предизвиците на вардарци во новата сезона. Тимот инаку вчера го потврди ангажманот на полскиот репрезентативец Патрик Валчак кој потпиша договор до 2022 година, а на грбот ќе го носи дресот со бројот 7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.