Норвешка одигра фантастичен натпревар од самиот почеток, а Германците освен почетното водство од 3-1, како и подоцна од 6-5, не направија ништо посериозно во првиот дел. Норвежаните го преземаа водството со 7-6, па го задржаа до полувреме (14-12).

Како минуваше времето, така и надежта на Германците згаснуваше бидејќи во некои моменти во второто полувреме Норвешка имаше и четири гола предност. Голем проблем за Германија беше и црвениот картон на Пекелер во финишот од мечот, па Норвешка ја задржа преноста и триумфираше со 30-25.

Најдобар стрелец кај Норвешка беше Род со седум погодоци, додека кај Германците најефикасен беше Генсхајмер со седум гола.

Финалето на Мундијалот меѓу Норвешка и Данска се игра во недела од 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.