Maкедонската ракометна репрезентација во недела од 20:00 часот ќе го игра вториот натпревар против Исланд во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Данило Брестовац на дебито на македонската репрезентација на гостински терен во Рејкавик и донесе победа на Македонија од 33:34. Тоа беше прва победа за Македонија на гости против Исланд.

Со таа победа Македонија се искачи на првото место во групата со исто бодови колку и Исланд (четири), зад нас следуваат Турција и Грција со по два освоени бодови.

Вториот натпревар со Исланд како што споменавме се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ и билети за овој натпревар повеќе – нема!

Ова значи дека Исланѓаните ќе ги очекува вистински пекол. Се надеваме на победа пред полна сала!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.