Ракометарите на Вардар неделава ги очекуваат два натпревари, првиот в среда во регионалната СЕХА лига со Загреб, а вториот в сабота против Монпеље во Лигата на шампионите. Своите очекувања за дуелот со Загреб на денешната прес-конференција ги соопштија тренерот Гарсија Парондо и бекот Игор Карачиќ.

Влегуваме во завршите натпревари од групната фаза на двете натпреварувања. Во СЕХА веќе имаме обезбедено „фајнал фор“, но против Загреб сакаме да одиграме што е можно подорбо. Сепак ни следува тешка недела и мора да мислиме и на саботниот меч со Монпелје кој е многу важен за нас, изјави Парондо.

Караќиќ е задоволен од моменталниот пласман на вардарци во двете конкуренции. Во СЕХА Вардар е на делба на првата позиција, додека во ЛШ е трет со можност на крајот на групната фаза да заврши на второто место.

Со нашите мисли сме кон Монпелје, но мора да се одработи и средбата со Загреб. Хрватскиот шампион има квалитетен состав и сигурно нема да ни биде лесно. Мора добро да се подготвиме и да не дозволиме некое изненадување на домашен терен. Посакувам со две победи да ја заокружиме неделата. Ако некој ни ја понудеше оваа позиција во ЛШ и СЕХА-лигата пред сезоната, сигурно дека ќе ја прифатевме, нагласи Карачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.