Уште еден Ф4 со константен наплив на емоции, констатира ЕХФ, истакнувајќи го извонредниот пресврт што Вардар го оствари против Барса во саботата, а потоа и тешкиот пораз што Веспрем го доживеа вчера, во финалето.

По целата таа емотивна бура и ракометно чудо пред кое цела Европа ја симна капата, сосема оправдано е што четири од петте најдобри изјави според EHF доаѓаат токму од ракометарите на македонскиот ракометен џин.

5. Кентин Махе, Веспрем: „Тажен сум, но уште повеќе ми е жал за Ласло (Наѓ) и Момир (Илиќ). Такви извонредни кариери да завршат со таков пораз, тоа е повеќе од штета“.

4. Роберто Парондо, Вардар: „Ова натпреварување е најдоброто натпреварување за ракометот. Ни
требаат повеќе од овој тип настани. Извонредно е да се биде тука како победник“.

3. Рожерио Мораеш, Вардар: „Во овие тешки времиња за тимот, титулата е уште поважна од првата во 2017-та“.

2. Кристијан Дисингер, Вардар: „Веројатно можеме да очекуваме 100.000 луѓе на улиците. Нашите
фанови нè поддржуваат како луди“.

1. Столе Стоилов, Вардар: „Ова е нашиот хепиенд и голема победа за нас и мојата земја Република Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.