Се формираше нов ракометен тим Алкалоид. Една од најголемите македонски компании застанува зад спортски колектив, кој како што велат одговорните ќе биде база за собирање на таленти и градење на ракометари кои подоцна ќе го носат националниот дрес. Дел од проектот се Кире Лазаров и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Како што вели тој, ова не значи дека Алкалоид ќе престане да ја помага федерацијата, напротив порачува дека РК Алкалоид ќе послужи како квалитетна база за ракометари кои ќе бидат дел од националниот тим и конечно со тоа Македонија да освои медал на ЕП или СП.

-Наша цел е тимот да се натпреварува во Првата лига. Ние сакаме да ги насочиме младите ракометари преку правилна работа и спортски и животни вредности. Ние како компанија нема да престанеме и со поддршката за Федерацијата. Сакаме да создадеме квалитетна база и конечно Македонија да освои медал на ЕП или СП, кажа Мукаетов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.