Престедателот на РФМ, Живко Мукаетов даде вовед на Изборното Собрание, поточно на сработеното во претходната, но и оваа година. Првиот човек на „куќата на ракометот“ не криеше дека е разочаран од пласманот на СП.

Успеавме да учествуваме на Светското првенство, го продолживме континуитетот. Се пласиравме на лошото 23 место, повеќе од пласманот боли начинот на кој ги изгубивме натпреварите, односнот кон националниот дрес. Она што се случи во Египет беше очајно за гледање, за мотив не може да биде оправдување тешкиот период.

Затоа ќе направиме коренити промени, ќе добиеме петти стратег кој ќе ја води нашата репрезентација, со мобилизирање, дополнително искуство од надвор и унифицирани на сите категории кои се бават со ракометот“, рече Мукаетов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.