Деновиве низ спортските кулоари кружат информации за евидентно насилно мешетарење на Наумче Мојсоски, Даниел Димевски од МОК и други функционери од СДСМ во спортските федерации, каде што имаат намера да вршат преврати на актуелни претседатели на спортските федерации.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт според нашите информации веќе дал јавна поддршка за промена на неколку претседатели, а прв на агендата овој викенд бил претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Оваа агенда следи откако на скандалозен начин беше избран Даниел Димевски за претседател на МОК, а дојде од позицијата на советник на Заев. Инаку Димевски имаше кривични пријави за криминал додека бил советник на Заев.

Откако Даниел Димевски беше поставен за претседател на МОК, сега ја одработува партиската агенда на СДСМ и Заев, со цел да извршат комплетна партизација на спортските федерации и друштва.

Неофицијално, во трката како партиски кандидат за ракометната федерација влегол Марјан Начевски, инаку поранешен пратеник од СДСМ и актуелен поддржувач на политиките на СДСМ во моментов, а на јавноста познат како истакнат ракометен судија.

Нашите информации говорат дека Начевски во трката влегол со поддршка од претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска, која е и претседател на форумот на жени на СДСМ во Гази Баба.

Собранието на РФМ е закажано за во недела на 31 јануари , а се очекува овој партиски склоп од Мојсоски, Димевски, Начевски и Блажевска по секоја цена да извршат преврат во федерацијата. Според нашите информации, најголемиот дел од клубовите во државата биле против промена на актуелниот претседател Мукаетов, бидејќи биле евидентни неговите успеси.

Она за кое што не е познато е дали и спонзорот на РК Металург, г-динот Минчо Јорданов ја дели истата агенда со Зорица Блажевска, Наумче Мојсоски и Марјан Начевски, но очигледна е спрегата околу клубот Металруг, кој е и поранешен клуб на актуелниот Директор на Агенцијата за млади и спорт.

Прашањата кои ги упатува јавноста, а и најголемиот дел од спортските работници, е зошто да се менува успешен Претседател на Ракометната федерација како Мукаетов, кој нашата репрезентација ја запиша на мапата на ракометните победници во Европа и светот, а се погласни се шпекулациите дека со ваквиот потег сакаат да воспостават апсолутна политичка контрола врз спортските федерации во државата, за да можат да контролираат и управуваат со парите и управувачката моќ.

Останува да видиме што ќе се случува и да известуваме за претстојните превирања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.