Натпреварите на македонската ракометна репрезентација од престојното Европско првенство ќе бидат пренесувани на МТВ.

Македонската радио телевизија успеа да се договори со Арена која ги има правата за овој регион за ЕП, па ќе ги гледаме натпреварите од големиот ракометен турнир и на македонски.

Во групната фаза ќе има преноси од натпреварите во термините од 18 и 20:30 часот, а потоа и од 15:30, 18 и 20:30 часот во главната рунда. Ќе има и специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија и пред полуфиналето и финалето, информира уредникот Драган Николовски.

Европското првенство се игра од 13. до 30. јануари. Македонија е во групата A која се игра во Дебрецин, Унгарија заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора. Првите две репрезентации од групата, се пласираат во главната фаза.

Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:

13. јануари 18:00 Македонија – Словенија
15. јануари 18:00 Македонија – Црна Гора
17. јануари 20:30 Македонија – Данска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.