Mакедонскиот среден бек Филип Миркуловски, денеска се збогува од репрезентативниот дрес. Ракометарот кој бепе дел од големите настани, Европските и Светски првенства денеска беше испратен во пензија, пред стартот на решавачкиот реванш бараж за пласман на СП 2023 против Чешка.

Миркуловски со подарок дрес со бројот 13 од претседателот на ракометната федерација (РФМ), Живко Мукаетов беше испратен во пензија и вечерва во СЦ „Јане Сандански“ е неговиот последен меч за Македонија. Миркуловски уште во јануари после настапот на ЕП 2022, објави дека од јуни оди во комплетна ракометна пензија.

Поранешниот ракометар на Металург, беше дел од генерацијата која пред една деценија го оствари најголемиот успех со петтото место на ЕП 2012 во Србија.

Иако постоеше најава дека тоа ќе биде случај и со Кире Лазаров, селекторот не доби врамен дрес, како јасен предзнак дека би можело да дојде до „промена на планот“ и тој и во иднина да продолжи да го носи дресот на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.