Михајло Михајловски и Сергеј Самсоненко имале состанок со ракометарите на Вардар на кој се решиле неколку важни прашња, објави „Спорт1“. 

Според Михајло Михајловски, нема простор за паника и за немири, неговите прогнози се дека Вардар ќе остане на ова ниво, можеби во малку променет состав.

Точно е дека вчера имавме состанок јас, Самсоненко и играчите и во моментов најважно ни е тие да се концентрираат на фајналфорот. Се прават напори да се спаси Вардар за да биде на ова рамниште на коешто е. Како и да е, ќе се најде едно вистинско, оптимално решение тие да си продолжат. Тие што веќе потпишаа договори со нови клубови ќе си одат, но сите останати ќе останат. Значи имавме конструктивни разговори со цел да се спаси Вардар и играчите да бидат спокојни и да се концентрираат на Ф4“, вели Михајловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.