Еурофарм Работник доби учество во Лигата на шампиони, со што Македонија и годинава има два претставника во елитното натпреварување, но овојпат наместо Металург, меѓу најдобрите се вброи битолскиот клуб.

ЕХФ денеска ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона. Трофејот ќе го брани Вардар и тој е еден од носителите на А или Б групите.

Вториот наш претставник овој пат ќе биде Еурофарм Работник, но тоа се лоши вести за Металург, кој после неколку години ја загуби можноста да игра во ЛШ.

Екипата од Битола имаше извондредна сезона во македонскиот шампионат, па како награда пристигна учеството во елитното натпреварување, каде ќе игра во група Ц или Д.

Ждрепката ќе се одржи следниот четврток, 27 јуни од 18 часот во Виена, а првото коло од новата сезона ќе се одигра од 11 до 15 септември.

Група А и Б: Вардар, Загреб, Алборг, Барселона, Фленсбург, ПСЖ, Веспрем, Мешков Брест, Елверум, Кјелце, Порто, Целје, Мотор Запорожје, Кил, Пик Сегед, Монпелје.

Група Ц и Д: Кокс, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Савехоф, Шафхаузен, Татран Прешов, ГОГ, Бидасоа, Еурофарм Работник, Висла, Спортинг Лисабон, Кристијанштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.