Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 ќе има промени во раководните структури, затоа што од екипата си заминува Марко Савовски.

Човекот кој долги години ја вршеше функцијата оперативен директор повеќе нема да биде дел од екипата. Савовски влезе во РК Вардар уште во ерата на Сергеј Самсоненко и беше меѓу тимот кога се освоија двете европски титули и кога се остварија најголемите успеси за македонскиот ракомет.

„Благодарам на довербата од господинот Сергеј Самсоненко, благодарност до господинот Михајло Михајловски, до „Комити“ и сите симпатизери на РК Вардар. Се одјавувам од сите обврски кон ракометниот клуб Вардар и би сакал да се заблагодарам на сите за досегашната поддршка. Сакам да ви испратам искрена порака, РК Вардар ќе продолжи на победничките патеки и повторно ќе ја израдуваме ракометна Европа“, истакна Савовски.

Савовски во повеќе наврати беше и на клупата на РК Вардар. Младиот функционер имаше удел во екипата, а играчите често пати го посочуваа како човек кој ја држи тимската хемија надвор од ракометните терени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.