Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков денеска е успешно опериран по потешка повреда на коленото која ја заработи пред извесен период.

Како што самиот Манасков информираше преку социјалните мрежи операцијата минала во најдобар ред, па сега го очекува период на рехабилитација.

Операцијата помина добро, се чувствувам одлично. Благодарам за сите ваши пораки со поддршка изминативе две недели. Интересниот дел може да започне, се гледаме наскоро, сите ве сакам, порача Манасков од болничкиот кревет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.