Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го суди финалето на машкиот ракометен туринир меѓу Франција и Данска на Летните олимписки игри кои завршуваат в недела во Токио!

Оваа судиска двоја во нивната извонредна кариера има над 600 меѓународни натпревари меѓу кои и финалето на последното Европско првенство одиграно во 2020 година.

Тие нема да се единствените македонски претставници на финалниот на ОИ. Претседателот на судиската комисија на ЕХФ; Драган Начевски ќе биде во улога на официјален делегат на средбата Египет – Шпанија, меч за бронзен медал.

Ова се трети ЛОИ на кои Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се судии, претходно беа на ОИ Лондон 2012 и ОИ Рио 2016.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.