Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години загуби од Исланд на пенали 2:4 (28:28, 13:16) и како шестопласирана го комплетира настапот на ЕХФ шампионатот што денеска завршува во Скопје.

Македонските ракометарки успеаја во финишот од регуларниот дел со серија од 5:0 да ја анулираат предноста на Исланѓанките од 28:23, но гостинките беа поуспешни во изведување на ударите од седум метри.

Најефикасни во македонскиот состав беа Ивана Џатевска со шест и Андреа Седлоска со пет погодоци.

Претходно на ЕХФ шампионатот, избраничките на селекторот Љубомир Савевски ги совладаа БиХ, Косово и Финска, одиграа нерешено против Фарски Острови, а загубија од Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.