Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи на претстојното Европско првенство, на кое пласман обезбеди и македонската репрезентација, право на настап да имаат само ракометари, кои се вакцинирани против коронавирус или го прележале вирусот.

– ЕХФ одлучи дека само вакцинирани ракометари или тие кои имаат сертификат дека прележале коронавирус, ќе можат да настапат на ЕУРО 2022. Ќе има и контрола и на секои два дена ќе се прават ПЦР тестови на сите учесници на завршниот турнир, изјави денеска генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер, додавајќи оти цел на овие мерки е „да имаме безбедно ЕУРО 2022“.

Европското првенство ќе се одржи во јануари во Унгарија и Словачка а македонската репрезентација е во групата A. која ќе се игра во Дебрецин, заедно со Словенија, Црна Гора и Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.