Македонската женска ракометна репрезентација до 18 години го претрпе вториот пораз на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево загуби од Германија со 34-21 во разигрувањето за пласман од 9 до 12 место.

По поразот од Исланд кој ги остави без пласман во четвртфиналето, избраничките на селекторот Љупчо Савевски немаа сили да се вратат на победничките патеки и доживеаја висок пораз.

Во завршниот натпревар на Мундијалот во Скопје противник на македонските ракометарки утре ќе биде Хрватска, а победникот ќе се пласира на 11 место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.