Пораз од Белорусија со резултат 30:26 забележа македонската репрезентација во последниот свој натпревар на 27. светски шампионат во Египет.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац, кои Мундијалот го завршуваат со пет порази и само една победа, одиграа добро прво полувреме во кое во најголемиот дел имаа водство, но на пауза се отиде со нерешени, 14:14.

Во второто полувреме македонските ракометари даваа отпор десетина минути, но по 20:20, му дозволија на противникот да направи серија од 4:0 која се покажа клучна за конечниот исход.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен во македонскиот национален тим со седум погодоци. Тој беше прогласен за играч на мечот.

Во другите две средби од последното коло во групата 4 до крајот на денот се среќаваат:
Словенија – Египет и Русија – Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.