Иако го освои првото место во својата група, македонската репрезентација ќе се најде во вториот шешир при ждрепката што ќе се одржи на 28 јуни во Виена.

На хартија, најмногу би ни одговорало да бидеме во групата Б, во австриската престолнина, со еден од домаќините на Европското првенство – Австрија. Можна е и Ју-група, но за тоа ќе треба да бидеме во групата А, во Грац, каде е веќе сместена Хрватска, а од другите шешири да ни се паднат Црна Гора (3) и БиХ или Србија (4).

Континенталното натпреварување ќе се одржи од 9 до 26 јануари во три држави: Австрија, Норвешка и Шведска. Вака изгледа конечниот изглед на шеширите:

1 шешир: Шпанија, Шведска, Германија, Франција, Хрватска, Унгарија
2 шешир: Норвешка, Македонија, Данска, Белорусија, Словенија, Русија
3 шешир: Австрија, Црна Гора, Летонија, Исланд, Португалија, Чешка
4 шешир: Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија, Украина, Холандија, Србија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.